ЗА НАС
“Снеки КМС” е македонска приватна компанија основана во 2007 година во Струмица. Својата историја ја започнува како семеен бизнис за производство и полнење на сокови при што ја набавува својата прва машина за РЕТ пакувања. Ова е всушност, првиот чекор кон постанувањето на она што сме денес – специјализирана компанија за производство и обработка на пластична амбалажа.
Со цел задоволување на потребите на нашите клиенти, “Снеки КМС” континуирано инвестира во најсовремена опрема која обезбедува врвен квалитет и широка понуда. Компанијата располага со тим од високо-квалификувани и мотивирани работници кои се секогаш подготвени да ги реализираат идеите на нашите клиенти. За нас, нашите вработени се најважниот капитал на компанијата.
“НИЕ НЕ САКАМЕ ДА БИДЕМЕ НАЈГОЛЕМИ, САКАМЕ ДА БИДЕМЕ НАЈДОБРИ !“
“Снеки КМС” ги следи потребите на купувачите и на обостран интерес континуирано го зголемува асортиманот на калапи за пластични шишиња. Во моментов располагаме со преку 100 видови на калапи со различни капацитети, намени и форми.